Kредитните текови се позитивни со поголема ориентираност на банките кон населението, девизните резерви се на ниво доволно за справување со евентуални, непредвидени шокови, депозитите во банкарскиот систем растат, но побавно од очекуваното, а инфлацијата и натаму се движи во проектираните рамки, оценува Народната банка на Република Македонија. Според НБРМ, каматната стапка на благајничките записи ќе се задржи на нивото од 3,25 отсто, а на аукција ќе се понудат благајнички записи на ниво на достасаниот износ, 25,5 милиони денари. И покрај ваквите остварувања, постојат надолни ризици за проекцијата на кредитите и с` уште има согледувања за ризик.
Kредитните текови се позитивни со поголема ориентираност на банките кон населението, девизните резерви се на ниво доволно за справување со евентуални, непредвидени шокови, депозитите во банкарскиот систем растат, но побавно од очекуваното, а инфлацијата и натаму се движи во проектираните рамки, оценува Народната банка на Република Македонија.
Според НБРМ, каматната стапка на благајничките записи ќе се задржи на нивото од 3,25 отсто, а на аукција ќе се понудат благајнички записи на ниво на достасаниот износ, 25,5 милиони денари.
И покрај ваквите остварувања, постојат надолни ризици за проекцијата на кредитите и с` уште има согледувања за ризик, додаваат од НБРМ.
- Инфлацијата и понатаму се движи во проектираните рамки, со урамнотежени ризици за проектираната просечна инфлација од 2,8 отсто за 2013 година - информира НБРМ.
На девизниот пазар минатиот месец е забележан вообичаен сезонски раст на понудата на девизи. Во услови на зголемена понуда на девизи и подобрување на девизните позиции на банкарскиот систем, Народната банка интервенира со откуп на девизи.